1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција европски првак,но во Португалија сепак победи фудбалот

5 јули 2004

Коментар на Волфганг Кан

https://p.dw.com/p/Aemz
Ото Рехагел со трофејот
Ото Рехагел со трофејотФотографија: AP

Токму 50 години по чудото од Берн и првата светска фудбалска шампионска титула за Германија во 1954 година во Швајцарија,во Португалија повторно резултат како од приказните.Со титулата Грците се погрижија за најголемото изненадување по германскиот триумф пред половина век.

Иако,како што германскиот успех не беше никакво чудо,така и оној на Грците е резултат на голема борбена сила,готовност за акција и воодушевување,но и да не се потцени исто така и тренерскиот ангажман.

Кога Ото Рехагел стигна во Грција,беше речиси непопуларно да се игра за националата репрезентација.Рехагел како вистински мотивационен мајстор го разбуди наново интересот на играчите.Тој релативно брзо увиде какви играчки способности постојат,а какви недостасуваат.Поради тоа тоа инсталираше дефанзивен систем,но истовремено грчките играчи со својата готовност за акција и брзина во пресудниот момент перфектно продираат.

Но не се победници само Грците,како такви можат да се чувствуваат и Португалците како финалисти и воопшто помалите нации.Од големите европски фудбалски нации во полуфиналето влегоа само Холанѓаните,додека Шпанија,Франција,Германија,Англија и Италија,који заеднички зад себе имаат 9 титули на светски прваци,претрпеа неуспех уште предвреме.

Со тоа продолжи трендот кој се забележуваше уште во 2002 година.Тогаш на крајот од големите останаа само уште Бразил и Германија,додека со Јужна Кореја и Турција во полуфиналето стигнаа практично аутсајдери.Причината за ова секако би требало да се бара во фактот-најдобрите играчи од малите земји играат во најдобрите лиги на Европа и таму добиваат дополнителни сили.

Кога сме кај играчите.Каде се очекуваните ѕвезди како Зинедин Зидан од Франција,Раул од Шпанија,Дејвид бекам од Англија или Тоти од Италија? И тие потонаа во неуспехот на нивните репрезентации и можат да се сметаат за губитници на овој европски шампионат.На нивно место настапија играчите како Руни од Англија,Роналдо од Португалија,Робен од Холандија,Барош од Чешка или Ибрахимович од Шведска,кои главно се на возраст од 18 до 22 години.Може да се заклучи дека во Португалија се случи смена на генерациите.

И крајно,фудбалот самиот е најголемиот победник на Европското првенство.Никогаш порано немало толку малку здодевни игри,никогаш толку одушевувачки фудбал,доживеавме најбрз и најофанзивен фудбал.Против тоа не говори ниту титулата на Грција.Навистина, нивниот систем беше пред се дефанзивен,но ако целата нивна игра биде редуцирана само на тоа,би им направиле неправда.Грците се покажаа побрзи и трчаа повеќе отколку на пример Французите или Германците и во еден момент беа подготвени да ги искориста шансите за напад,што кај оние кои ги нарекуваме големи фудбалски нации често недостасуваше.

Фудбалските навивачи во секој случај не треба да се грижат за иднината по ваквото европско првенство.