1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција продолжува со притисок врз властите во Скопје

Александар Чомовски18 октомври 2007

Атина нема да прифати прием на Македонија во НАТО и во ЕУ,се додека не се најде прифатливо име за таа земја,изјавил во Парламентот Теодорос Касимис,заменик министер на грчката дипломатија.

https://p.dw.com/p/BsEw
Нови закани од Атина

Тој се повикал на гаранции од Хавиер Солана дека Грција за спорот околу името ја има целосната поддршка на Унијата.

Пред оваа негова денешна реакција,вчера властите во Атина истовремено се заканија дека ќе ја замрзнат и европската помош за Македонија преку Балканскиот фонд со кој располага Грција.

Наводно,ќе бидат замрзнати само 70-те милиони евра наменети за Македонија.

Закани,па потоа повлекување

Сепак,денеска заменикот на Бакојани ретерира:не верувам дека економската деградација на Македонија би создала подобар сосед за Грција,рекол Касимис.

Министерот за финансии на Македонија Трајко Славевски,преку агенцијата Макфакс,изјави:изгледа дека Македонија е не загрижена за прекинувањето на т.н. виртуелна помош од Грција,најавена преку планот за Балканот и за инвестиции во патиштата низ Македонија.

Во таа комбинација од економски и политички притисок,сепак доминира можноста од вето за прием на Македонија во евроатланските интеграции.

Германски став:спорот со името е билатерален

Покрај Стејт департментот и Германија го застапува гледиштето дека спорот околу името е билатерален меѓу Македонија и Грција.

„Проблемот е голем,но нашата желба е да живееме во мирна,единствена и голема Европа“,изјави во Скопје пратеникот од германскиот Бундестаг,Маргарет Вацел.„Но,сакам да истакнам дека влезот во Европа го заслужува секој според својот идентитет,тој проблем мора билатерално да се реши,рече таа во Скопје по разговорите во македонскиот парламент.