1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција усвои нов пакет мерки за штедење

ЖА/дв/дпа/афп29 април 2013

На Грција повторно и‘ требаат пари. Поради тоа, Парламентот усвои нов пакет-мерки за штедење. Тоа е предуслов за исплата на следната транша на меѓународната финансиска помош.

https://p.dw.com/p/18Oih
Фотографија: Getty Images

Првпат по повеќе децении, државните службеници во Грција може да добијат отказ. Парламентот во Атина го усвои синоќа законот кој тоа го овозможува, а според кој до крајот на 2014 година ќе заминат околу 15 илјади државни счужбеници. Освен тоа, се воведува и нов данок на имот.

Усвојувањето на пакетот мерки за штедење е предуслов за исплата на следната транша на меѓународна финансиска помош за Грција во висина од вкупно 8,8 милијарди евра. За новото стегање на ременот гласаа 168 пратеници во грчкиот парламент, кој брои вкупно 300 мандати. Против биле 123 пратеници, а само еден воздржан.

Илјадници луѓе демонстрираа против штедењето

Пред грчкиот парламент демонстрираа повеќе илјади луѓе против планираните масовни отпуштања. На протести повика Синдикатот на државните службеници, АДЕДУ. Сепак, одзивот не беше според очекувањата, полицијата проценува дека излегле околу три илјади демонстранти.

Грција е првата од во меѓувреме четирите земји од еврозоната, која од 2010 година е спасувана од колапс со кредити од евро-партнреите. Покрај неа, зависни од помош се уште Португалија, Ирска и Кипар, како и шпанските банки.

Прво надвор од еврозоната, потоа повторен прием

Раководителот на минхенскиот ИФО-институт, Ханс Вернер Зин, повторно отвора дебата за излез на кризните земји од еврозоната. Заради јакнење на евросистемот, тој предлага ограничен истап на кризните земји од монетарната унија. Први кандидати за вакво сценарио според мислењето на еконимистот, објавено во интервју во германскиот весник „Франкфуртер алгемајне зонтагцајтунг“, би биле Грција и Кипар. Потоа, според Зин, овие земји би можеле повторно да станат конкурентни и „подоцна, по пов разменски курс, значи со помали цени и плати, тие би можеле повторно да влезат во еврозоната“, гласи неговиот предлог.

Зин го смета за грешка и е против тоа проблематичните јужни држави од евзроната по секоја цена да бидат задржувани во заедничката монетарна унија.