1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција ја отвора туристичката сезона на 15 јуни

БГ /АФП
20 мај 2020

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави дека неговата земја ќе ги отвори границите за туристи на 15 јуни и ќе почне да ги враќа меѓународните летови од 1 јули за да и помогне на економијата.

https://p.dw.com/p/3cYgI
Griechenland | Wiedereröffnung der Strände
Фотографија: Getty Images/M. Bicanski

Мицотакис е уверен дека доброто справување со коронавирусот во неговата земја ќе биде „пасош за безбедност, кредибилност и здравје“. Грција досега имаше помалку од 170 жртви од коронавирусот.

„Туристичкиот период ќе започне на 15 јуни, кога ќе можат да отворат хотелите, а директните меѓународни летови до нашите туристички дестинации постепено ќе започнат од 1 јули“, рече Мицотакис.
„Ќе победиме во економската војна како што победивме и во здравствената“, вели грчкиот премиер. 

- Повеќе на темата: Грчките шанси во корона-кризата

Министерот за туризам Хари Теохарис најави дека до крајот на мај ќе биде објавена листа на земји со кои ќе се воспостават авионски линии и рече дека Атина ќе се фокусира на заживување на патничкиот фронт „од Балканот до Балтикот“.
Бугарските државјани и северно-европејците вклучително и Германците ќе бидат меѓу првите гости, заедно со Кипраните и Израелците. Туристите нема да бидат тестирани на вирусот, ниту ќе одат во карантин, но во туристичките места ќе се вршат повремени тестирања од епидемиолошки причини.
Во 2019 година Грција ја посетиле 34 милиони гости кои донеле приход од над 18 милијарди евра. За да се зголеми привлечноста на земјата како туристичка дестинација, Мицотакис најави дека ќе се намали и данокот на транспорт од сегашните 24 на 13 проценти.

Griechenland Coronavirus Akropolis
Археолошките локалитети беа отворени за посетители неделава, а од следната ќе се отворат и ресторанитеФотографија: picture-alliance/dpa/A. Vafeiadakis