1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција ќе продолжи да учествува во преговорите за името

23 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Btt1

Грција ќе продолжи да учествува во преговорите за името во ОН, потврди денеска портпаролот на грчкото министерство за надворешни Јоргос Кумуцакос. Изјавата следи по вчерашната најава на Метју Нимиц, специјалниот посредник во грчко македонскиот спор, дека следната рунда разговори е закажана за први ноември во Њујорк. Во соопштението Нимиц, вели дека очекува продолжението на преговорите да донесе и решение кое ќе го прифатат двете страни“. Грчкиот весник „Катимерини“ денеска пишува дека преговорите ќе бидат тешки, а клучното значење во нив ќе го има ставот на САД“.