1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчката амбасадорка во Македонија најверојатно отповикана

10 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BESI

Грчката амбасадорка во Македонија Теодора Гросоманиду е отповикана од функцијата со решение на грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани. Гросманиду пред неколку дена била повикана во Атина поради нејзината изјава околу спорот со името дадена за Фајненшл Тајмс. Во неа таа вели дека Грција треба да се соочи со реалноста оти повеќе од половината држави од светот ја признаа Македонија под уставното име. Според електронското издание на весникот Та Неа на Гросоманиду и се префрлува зошто воопшто се согласила за изјава во весникот. Според истиот весник Гросоманиду треба да ја замени Александра Пападополу, досегашен заменик грчки амбасадор во Обединетите Нации.