1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчкиот Давид фатален за францускиот Голијат

26 јуни 2004

Репрезентацијата на Грција со елиминацијата на Франција се потруди за најголемото изненадување во историјата на европските фудбалски првенства

https://p.dw.com/p/AcMm
Славје по одлучувачките 1:0
Славје по одлучувачките 1:0Фотографија: AP

Милиони Грци минатата ноќ останаа без сон , поради славјето што следуваше по фантастичното изненадување кое го приреди нивната репрезентација на европското фудбалско првенство во Португалија.

Ангелос Каристеас со победоносниот гол во 65 минута , го испрати дома главниот фаворит на шампионатот и бранителот на титулата Франција . Грците се сега во полуфиналето а апетитите разбирливо стануваат се поголеми.

Од главниот град Атина преку илјадниците грчки острови и во останатите делови на земјата , милиони Грци се собраа синоќа на плоштадите улиците и на плажите , и долго во ноќта со огномети, автомобилски сирени , развеани знамиња и песни ја прославуваа победата на нивната репрезентација .

Два месеци пред одржувањето на Олимписките игри во атина , Грција благодарејќи на извонредната игра на нејзините фудбалери се најде во фокусот на спортската јавност.

“Тие беа фантастични, брилијантни. Тие беа лавови” –беа само некои од еуфоричните коментари кои ги наменуваа грчките граѓани за своите идоли.

“ Сега одиме се до крајот“ одекнуваа едногласните прогнози на задоволните грчки граѓани , но истотака по вчерашниот успех на такво нешто се охрабрија и нивните љубимци.

“Кога веќе со нашата цврста и добра игра ни се пружи ваква можност . зошто да не одиме и до крајот” –изјави по синоќешниот меч стрелецот на единствениот гол Ангелос каристеас. Тој во 65 минута , од натпреварот кој дотогаш изминуваше во релативно здодевно темпо , значи без идеја и креативност на каква што сме навикнати од Французите и цврста но релативно повлечена игра на Грците . Ниту по голот на Каристеас големите ѕвезди на франсуската екипа, Зидан, Анри , Далас , Саха, Макалеле и останатите не можеа да најдат пат до грчкиот гол , иако мораа и видливо ја насочија својата игра во нападот. Со истекот на 90-те минути беше означено како што го нарекоа најголемото изненадување во историјата на европските шампионати , но и неколку други нешта , како крајот на серијата на непобедливост на Французите , но можеби и крајот на златната генерација на францускиот фудбал.

Но на крајот на краиштата, вчерашниот пример уште еднаш покажа дека , како што изјави по натпреварот стрелецот на победничкиот гол Каристеас : Во фудбалот се е можно :

"Д енеска во Франција имавме еден голем противник. Тие имаат големи звезди , еден многу добар тим. Но по натпреварот можам да кажам : Во фудбалот е се можно. Нормално Франција беше фаворит , но денеска мислам дека грчката репрезентација одигра еден прекрасен меч”-изјави играчот на Вердер од Бремен Ангелос Каристеас.

Избраниците на германецот Ото Рехагел за кого многумина велат дека е главниот виновник за успехот на грчката репрезентација сега во полуфиналето го чекаат победникот од денешниот четвртфинален меч меѓу Чешка и Данска .