1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчкиот парламент го изгласа планот за реформи

К. Дауценберг/бг16 јули 2015

Пратениците во грчкиот парламент го прифатија компромисот со кредиторите за излез од должничката криза. Дел од пратениците на Сириза гласаа против премиерот Ципрас. Како понатаму ќе функционира владата останува нејасно

https://p.dw.com/p/1FzPP
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

Коцките се фрлени во грчката должничка драма. Грчкиот парламент со мнозинство гласови го одобри реформскиот пакет и на тој начин го ослободи третиот пакет помош од еврогрупата со цел да се избегне банкрот на државата.

Во неговиот говор Ципрас потенцираше дека тешките преговори вродиле плод.

Со поддршката за пакетот помош грчкиот парламент и одобри на владата да ги имплементира реформските мерки.

Се работи за сѐ или ништо. На Ципрас му недостасуваше поддршка од сопствените редови и беше зависен од гласовите од опозицијата.

Пред парламентот во истовреме дојде до судири. Летаа чадни бомби. Илјадници полицајци беа на задача за да ги спречат вандалите кои ги нападнаа со молотови коктели. Полицајците одговорија со солзавец.

Уништени банкарски автомати, искршени прозорци, запалени автомобили. Состојбата ескалираше. Десетици луѓе беа уапсени од полицијата.

Прашање е дали состојбата ќе се смири по гласањето.

Грчката криза останува тешко искушение за владата на Ципрас и за грчкиот народ.

Грчкиот парламент го изгласа планот за реформи