1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Г-8 министри за надворешни работи

30 мај 2007
https://p.dw.com/p/Antj

Министрите за надворешни работи на седумте водечки индустриски земји и Русија, денеска во Потсдам се среќаваат на последните подготовки за самитот на Групата 8 во Хајлигендам. Меѓу темите за кои ќе се разговара, како што изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнамјер, се атомскиот конфликт со Иран, како и ситуацијата во кризните региони: Блискиот исток, Авганистан и Дарфур. На дел од средбата ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Авганистан и Пакистан. Вечер во Берлин средба ќе одржи и таканаречениот блискоисточен квартет.