1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Г7 министрите задоволни од состојбата на светската економија

11 февруари 2007

Во германскиот град Есен заврши министерскиот состанок на Групата 7 најразвиени индустриски земји Г-7. На средбата стана збор за состојбата во светската економија и особено за т.н. Хеџ фондови, кои носат високи дивиденди, но и големи ризици.

https://p.dw.com/p/AeJS
Групна слика на министрите во Есен
Групна слика на министрите во ЕсенФотографија: AP

Доколку дојде до распад и несолвентност на еден од големите Хеџ фондови, тоа би можело да има тешки последици по стабилноста на светската економија, Сепак, тие до сега не подлежат на никаква државна контрола и според министрите тоа така треба да остане и понатаму.

Што се однесува до општата состојба на светското стопанство, домаќинот на средбата, германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик оцени:

„Доверба не значи принуден оптимизам и не значи дека не сме свесни за рзиците. Но, врз основа на позитивниот развој на светската конјунктура, со одсуство на инфлација, можеме да зборуваме за доверба. Стапката на пораст на светското стопанство веќе петта година по ред е околу 5%, а се забележува и интензивно инвестирање во земјите во развој„ – оцени германскиот министер за финансии Пер Штајнбрик.