1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Г8: критики од хуманитарци и екологисти

9 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/ApyU

Хуманитарни организации, еколошки поборници и опозициони политичари од Германија искажаа остра критика на договореното во Хајлигендам. Самитот не донесе ништо повеќе од “незадолжителни изјави за намерите” како во однос на политиката спрема Африка, исто така и во врска со заштитата на климата, нагласуваат критичарите на самитот.

Германскиот канцелар Ангела Меркел извлече позитивен биланс на sамитот на Г8 во Хајлигендам. Постигнати се далекусежни заклучоци, оцени таа и укажа посебно на спогодбите за заштита на климата и ветувањата помош за Африка во износ од 60 милијарди долари за борба против тешки болести.