1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Г8 Министри за екологија Потсдам

17 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNJ

Министрите за екологија на групата Г8 денеска во Потсдам не успеаа да постигна пробив по прашањето на заштитата на климата. Според изјавата на шефот на програмата на ОН за заштита на човековата околина Ахим Штајнер разговорите меѓу претставниците на земјите од групата Г8 со нивните колеги од петте најважни земји во развој Кина, Индија, Мексико, Бразил и Јужна Африка биле конструктивни. Официјален Вашингтон сепак остана на ставот да не се впушта во какви и да е обврзувачки договори на овој план.