1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Далај Лама кај Меркел,Кина протестира

24 септември 2007

Ова е првпат германски канцелар да го прими во официјална посета Лама,кого Кина го обвинува за сеператизам.Опозицијата ја пофали Меркел за покажаната храброст и консеквентност во залагањето за човековите права.

https://p.dw.com/p/Biqf
Ангела Меркел и Далај ЛамаФотографија: AP

Портпаролот на владата Улрих Вилхелм изјави дека Меркел во приватната размена на мислења со Далај Лама ветила поддршка на неговата политика на ненасилно стремење кон религиозна и културна автономија на Тибет. Религиозниот водач на Тибет во разговорот нагласил дека неговиот ангажман исклучува стремежи за независност од Кина.

Остри протести од Пекинг

Пекинг уште пред одржувањето жестоко ја критикуваше средбата и ја предупреди Германија :Се надеваме дека Германија ќе биде водена од повисоките интереси на кинеско германските односи и нема да му дозволи посета на Далај Лама,соопшти кинеското министерство за надворешни работи.Претходно германскиот амбасадор Михаел Шефер беше повикан на разговори во Министерството во Пекинг.

Една кинеска делегеција,официјално поради технички причини,ја откажа средбата со германската министерка за правда Бригите Цуприес.Средбата на тема заштита на авторските права беше закажана во Минхен,а во рамките на германско кинескиот правен дијалог.

Пофалби за Меркел

Додека од Кина стигнуваат протести,во земјата германската канцеларка доби пофалби за приемот на Далај Лама.Шефот на пратеничката група од нејзината сопствена партија,Христијанско демократската унија,Фолкер Каудер:

„Мислам дека е добро што канцеларката го прими Далај Лама во својот кабинет.Таа е пофалена и од опозицијата за консекветна политика на заштита на човековите права кога беше во Кина.Сега консекветно ја продолжува оваа политика.“

И претседателот на опозиционите Либерали ,Гидо Вестервеле,изричито ја пофали Меркел.„Нејзината политика не е водена од краткорочни тактизирања како кај претходникот,туку од паметна храброст“,изјави Вестервеле.

Слично се изјасни и шефицата на Зелените Клаудија Рот.

Мала воздржана критика напротив стигна од коалициониот партнер,Социјалдемократите.Нивниот претседател Курт Бек исто го почитува Далај Лама и неговите напори за мирно решение на конфликтните ситуации,но:

„Веројатно и јас би разговарал со него,но би одбрал друго место за средба“,изјави Бек.

За Пекинг автономната област Тибет е дел од Кина.Кинеската армија таму навлезе во 1951 година.По неуспешното востание на населението,Далај Лама побегна во Индија,каде од 1959 година води влада во егзил.