1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови права

Дали бегалската криза е завршена?

20 април 2019

Пренатрупани бегалски кампови, хаос на границите долж Балканската рута- ова во 2015 година беше европско секојдневие. А како е сега? Колку бегалци навистина доаѓаат во Европа и што ги очекува таму?

https://p.dw.com/p/3GJfx
Bildergalerie Migranten in Bosnien und Herzegowina
Фотографија: DW/A. Kamber

Бегалската криза ја подели Европска унија. Но, колку бегалци навистина доаѓаат во Европа? Во 2015 година започна таканаречената бегалска криза. Оттогаш во ЕУ се регистрирани 1.689.014 бегалци. Во таа 2015 дојдоа најмногу - над еден милион. Главната бегалска рута водеше од завојуваната Сирија, преку Турција, Грција, Балканот до Австрија и Германија.  Втората голема рута водеше од Либија до Италија,а третата од Мароко до Шпанија 2015 година ја одбележаа слики на пренатрупани бегалски кампови и хаос на границите.

Темата беше обработена во епизода видео-магазинот #EUROPEO: 

Дали бегалската криза е завршена?

Додека некои членки на ЕУ пропагираа Солидарност, други бараа изолација. Унгарија, Словенија и Македонија подигнаа огради на делови од своите јужни граници. На 18.03.2016 година во сила стапи договорот за бегалците меѓу ЕУ и Турција. Политиката на азил на ЕУ стануваше сѐ поригорозна. Бројот на  бегалци е значително намален.

Повеќе на темата:

-Мигрантите и натаму собрани во Солун

-Хрватската имигрантска политика меѓу хуманитарна наковална и полициски чекан

-Што е смешно во бедата на бегалците?

Во 2018 беа регистрирани околу 140.000 баратели на азил- 8 пати помалку отколку пред само 3 години. Во 2018 имаше повеќе мигранти од Африка отколку од Сирија.

Во ЕУ главно се влегуваше преку Шпанија.  Бегалците кои ќе стигнат до некоја од јужните членки на ЕУ, главно сакаат да продолжат понатаму.  Пред сѐ кон Германија. Барателите на азил во Германија добиваат месечна социјална помош од 354 евра - по лице.