1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали кандидатите веќе се знаат?

16 јануари 2009

Во Македонија по првите најави во оптек во моментов се четворица можни кандидати за иден претседател на државата. Дали партиите подготвуваат натамошни изненадувања?

https://p.dw.com/p/GZc8
Се‘ уште не се знае за кого ќе треба да гласаат граѓанитеФотографија: DW

Во моментов во трката за иден претседател на Македонија фигурираат имињата на четворица потенцијални кандидати. Дел од интелектуалците и челни луѓе во ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа професор Ѓорѓе Иванов, кој е прв официјален кандидат за номинација во оваа партија. СДСМ го предложи д-р Срѓан Керим, и тоа понудувајќи тој да биде заеднички кандидат на македонскиот политички блок, заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Според најновата анкета на ИРИ, Керим води како човек со најголем рејтинг и популарност кај граѓаните.

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, кој е втор на оваа листа, најави независна кандидатура. Тој очекуваше поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

Нано Ружин, кој беше амбасадор во НАТО и има големо искуство од Брисел, е потенцијален кандидат за претседател на државата за кој се одлучи лидерот на ЛДП Јован Манасиевски.

До трети февруари кандидатите за претседател треба да соберат по 10 илјади потписи и да бидат регистрирани во Државната изборна комисија. Изборите за шеф на државата се на 22 март, заедно со локалните избори.