1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали на Германија би ѝ било подобро без Берлин?

Сања Благојевиќ
16 февруари 2018

И 28 години по падот на Берлинскиот ѕид, германскиот главен град сѐ уште е меѓу најатрактивните престолнини во светот. Но таа блескава „мегакул“ метропола има и своја темна страна. #DE_facto:

https://p.dw.com/p/2sn8j
DE_facto Berlin
Фотографија: DW

Берлин од една страна е туристички магнет, космополитска мека за уметниците и претприемачите од цел свет. Но, Берлин од другастрана е презадолжена метропола со дотраени училишта, со лоша градска управа и политичари. Зошто Берлин е толку сиромашен?

И 28 години по падот на Берлинскиот ѕид, германскиот главен град сѐ уште е меѓу најатрактивните престолнини во светот. Но таа блескава „мегакул“ метропола има и своја темна страна. Бројните афери се синоним за берлинската политика. Берлин одамна мачи мака со непотизам и финансиски скандали

Изградбата на новиот аеродром Берлин Бранденбург се претвори во голема бламажа - со експлозија на трошоците и постојано пробивање на роковите. Пораст на стапката на криминал, хроничен недостиг на полицајци - жителите на Берлин веќе не се чувствуваат сигурно во својот град. Освен тоа, Берлин е и тотално презадолжен. Секој берлинец теоретски должи околу 16.500 евра. Само за споредба: жителите на Минхен во просек должат само по 500 евра - дури 33 пати помалку.

Во Германија во 2015 година е остварен БДП од 37.000 евра по глава на жител. Во Берлин - само 34.200 евра. Германија е единствена членка на ЕУ која економски би била посилна без својот главен град. Без Берлин германскиот БДП би се зголемил за 0,2%. Заради споредба: францускиот БДП без Париз би бил помал за 15%, а италијанскиот без Рим за 2,1. Сиромашен, но секси - така во една прилика својот град го опиша поранешниот берлински градоначалник Клаус Воверајт. Зошто Берлин е релативно сиромашен?

„Виновен е Берлинскиот ѕид. Берлин долго беше поделен. Ѕидот го подели Берлин, но се протегаше и околу Берлин. По падот на Ѕидот требаше да се изедначат сите тие разлики кои постоеја во општеството, социјалните разлики, а тоа трае и чини многу. Истовремено, поради Берлинскиот ѕид кој го опкружуваше градот, Берлин практично беше како остров, беше изолиран од својата околина и немаше никаква индустрија и производство. Значи, Берлин навистина е секси затоа што е интересен, затоа што во него постојано нешто се случува, животот пулсира, но Берлин сѐ уште е сиромашен,“ вели Аделхајд.

Има уште една важна причина. Германија е федерално уредена земја и мнозинството нејзини покраини се стопански многу силни. Седиштата на големите фирми често се наоѓаат во провинција, а не само во главниот град.

 

На Германија би ѝ било подобро без Берлин?