1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

интереси?

Михаел Книге
7 јануари 2017

На само неколку недели до инагурацијата, Доналд Трамп сѐ уште го нема објавено планот за одвојување на бизнис интересите од политичката функција, со цел да избегне конфликт на интереси. Дали тоа е возможно?

https://p.dw.com/p/2VPjC
USA Trump International Hotel wird eröffnet
Фотографија: Reuters/K. Lamarque

Уште од самиот почеток на претседателската кампања, медиумите упорно и постојано упатуваа прашања до Доналд Трамп за потенцијалниот конфликт на интереси меѓу неговите претпријатија и политичката функција.

Тој не беше способен, или како што многумина аргументираат – немаше волја да одговори на ова прашање за време на кампањата, исто како што одби да ги објави пријавите за повраток на данок, што претставува вообичаена пракса на претседателските кандидати.

Доколку Трамп се надеваше дека прашањата за бројните потенцијални конфликти на интереси едностано ќе избледат со текот на времето, тој погреши. Тоа можеше да биде така доколку ги изгубеше изборите, но победата само ја зголеми итноста на повиците до него јасно да ги одвои идните претседателски должности од бизнис интересите.

Целосно одвојување

За да го адресира прашањето на конфликт на интереси, Донал Трамп најави прес-конференција, која беше закажана за средината на декември. Тој изјави дека на прес-конференцијата ќе ги претстави неговите планови за избегнување на потенцијален конфликт на интереси, но подоцна настанот беше одложен. Неодамна, тој закажа нова прес конференција за 11 јануари, на која можеби ќе го стори токму тоа.

„Моето мислење е дека навистина не постои причина за одложување“, изјави Мериен Кариндер, одговорна за владина отчетност во Транспаренси интернешнал - САД. Според Кариндер, може да има само едно решение доколку Трамп сака да го избегне потенцијалниот конфликт на интереси.

Schottland Trump International Golf Links
Фотографија: Getty Images/J.-J. Mitchell

„Нашиот став е дека тој треба целосно да се отстрани себеси од сѐ што е поврзано со неговите бизниси и со тоа сметаме дека тој не смее да има никаква улога во управувањето на неговите бизниси, вклучувајќи ја и опцијата, неговите деца да управуваат со неговите бизниси“.

Семјуел Исахароф, професор по право на Универзитетот Њујорк, смета дека Трамп бил бавен во целосното адресирање на прашањето за конфликтот на интереси.

Тој забележува дека случајот на Трамп е покомплициран од вообичаено, затоа што за разлика од многу политичари, Трамп не е само пасивен инвеститор, туку активен бизнисмен,  чие главно средство е неговата бренд репутација.

Комплициран случај

Поради тоа, ставањето на неговиот имот и средства во т.н. „слеп фонд", кој ќе биде менаџиран независно од него, може да биде покомплицирано за него отколку за други политичари, кои главно поседуваат акции и хартии од вредност.

„Во јуни тој се откажа од интересите во портфолиото на хартии од вредност“, изјави Исахароф. „Тоа е полесниот дел. Сепак, тоа покажува дека тој има барем малку свесност оти треба да го одржи имиџот“.

Куриндер од Транспаренси интернешнал не е убедена во тоа. Според неа, интеракциите на Доналд Трамп со меѓународните лидери сугерираат дека тој целосно не ја разбира важноста од одвојувањето на неговите биснис интереси од политичките должности.

„Читавме извештаи од состаноци со лидери од странски земји, во кои тој сака да гради хотели“, изјави таа. „Тоа е целосно мешање на политиката и бизнисот, кое не треба да се случува. Ако целосно не се откаже од тоа, секој потег, кој тој ќе го направи, ќе биде анализиран и ќе биде изведен пред суд од страна на луѓето кои го набљудуваат“.

USA Treffen Donald Trump & japanischer Premierminister Shinzo Abe
Фотографија: picture-alliance/Ho/Cabinet Public Relations Office

Специјален посредник

Дури и да го направи тоа што експертите за корупција го препорачуваат – да се дистанцира и да се откаже од своите бизниси – тоа нема да биде доволно, изјави за ДВ, Сузан Роуз-Акерман, професор по право на Универзитетот Јеил.

„Мислам дека ќе биде невозможно Доналд Трамп да избегне случај на конфликт на интереси“, изјави таа. Тоа е така затоа што дури и да се откаже од своите средства, „тој ги знае индустриите и земјите каде што неговите компании имаат финансиски интерес“.

Иако целосното избегнување на конфликт на интереси може да биде тешко или невозможно за Трамп, јасно е дека тој не стори доволно, додава Роуз-Акерман. Таа забележува дека покрај откажувањето, Трамп не би требало никогаш да се среќава или да комуницира со инвеститори кои имаат заеднички проекти со неговите организации или со ентитети кои ги имаат откупено правата да го користат името Трамп, а исто така и дека тој треба да ги раскине сите договори за брендирање и лиценцирање на неговото име.

За големите бизнис интереси на Трамп, кои се без преседан кога станува збор за претседател, може да биде потребен и невообичаен потег, смета Исахароф: Да се формира нова позиција чија единствена цел би била надзор и посредување меѓу „претседателот Трамп и претпријатијата Трамп“.

„Тоа е непозната улога, тоа досега не сме го имале“, изјави тој. „Но исто така, досега не сме имале некој како Трамп на функцијата претседател",