1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали САД подготвуваат напад врз Иран

17 јануари 2005

Познатиот американски новинар Сејмур Херш во магазинот “Њујоркер“ во последниот број објавува сторија според која од минатото лето САД имаат специјални трупи во Иран.

https://p.dw.com/p/AcI8

Тие имаат во визирот воени цели што можат да се уништат во воздушен напад до колку Иран не се откаже од својата атомска програма. Артур Ландвер со повеќе детали:

Херш им припаѓа на најуспешните новинари во САД. Меѓу другото, тој го отрки скандалот со измчувањата во затворото Абу Греиб. Негото најново откритие е дека од минатото лето САД имаат специјалци на армијата во Техеран:

“Целта е со серија насочени и контролирани напади, без многу цивилни жртви, да се погодат големи цели во Техеран. Цел се оружје и ракети“.

Првиот чекор кон тоа се случува сега, вели Херш. Сега се собираат информациите за можните цели за да не се случи неуспех сличен на оној во Ирак со оружјето за масовно уништување. Рокот што си го поставило цивилното раководство во Пентагон на чело со неоконзервативците Доналд Рамсфелд и Пол Волфовиц е претстојното лето. Неделникот “Њујоркер“ побарал мислење од Белата куќа, но не добил одговор. Меѓутоа, вчера, директорот за комуникации во Белата куќа Дан Бартлет со половичен демант:

“Видев делови од стоиријата и мислам дека е полна со неточности и мислам дека некои од извлечените заклучоци не базираат врз факти“.

Политиката на претседателот, вели Бартлет, останува насочена кон исцрпување на сите дипломатски можности:

“Работиме заедно со нашите европски сојузници за да ја убедиме иранската влада да не произведе никакво оружје за масовно уништивање, посебно атомско“.

Херш тврди дека Пентагон, барем цивилното водство, тоа го гледа поинаку:

“Луѓе од владата чии информации секогаш беа точни, разговараа со мене и велат: Тоа е во тек и ќе се случи“.