1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дали свинскиот грип е (без)опасен?

4 мај 2009

И покрај сите мерки на претпазливост свинскиот грип и натаму се шири. Во Мексико, земјата каде што се појави грипот, вирусот „Х1Н1“ веќе ја губи силата, јавија локалните власти.

https://p.dw.com/p/HjG5
Фотографија: AP

До утринава ширум светот се потврдени околу 900 случаи на лица заразени со вирусот во речиси 20 земји. Бројот на смртните случаи се искачи на 23, од нив 22 во Мексико. И во Германија се регистрирани нови случаи на заразени од вирусот „Х1Н1“.

Во Мексико земјата каде што се појавија првите случаи на болеста, властите соопштија дека бројот на инфицирани лица од свинскиот грип се зголемил од 506 на 590. Исто така и бројот на лицата починати од последиците на болеста е зголемен од 19 на 22. Истовремено, според зборовите на министерот за здравство Хозе Анхел Кордоба, епидемијата од свински грип во земјата стивнува. Ширењето на заразната болест во Мексико го достигнало својот зенит меѓу 23 и 28 април, изјави министерот Кордоба.

„Прерано е да се укине тервогата“

Der Präsident des Robert Koch-Instituts (RKI) Jörg Hacker
Претседателот на Институтот Роберт Кох, Јерг ХакерФотографија: picture-alliance/ dpa

Во Германија пак досега се потврдени осум случаи на лица инфицирани од болеста, кои меѓутоа минале умерено. И покрај тоа здравствените власти во земјата повикуваат на натамошна будност и претпазливост. „Се’ уште е прерано за укинување на тревогата. Ситуацијата не би требало да се драматизира, но мораме да имаме предвид дека и покрај умерените симптоми на болеста, кои ги гледаме во Германија и во другите земји, вирусот е во состојба ефикасно да се шири од човек на човек“, изјави Јерг Хакер претседателот на Институтот Роберт Кох во Германија.

По наредба на министерството за здравство од вчера за лекарите во земјата важи обврската за пријавување на сите сомнителни и случаи на лица заболени од свинскиот грип.

Вирусот пренесен од човек на свињи

Во Канада, во текот на викендов беше забележан еден вознемирувачки знак за мутирачките способности на вирусот „Х1Н1“. Во провинцијата Алберта тој за првпат бил пренесен од човек на свињи. Канадските власти соопштија дека еден работник на фарма за свињи се вратил од патување во Мексико, а две недели подоцна кај животните биле забележливи симптомите на болеста. Светската здравствена организација имајќи го предвид овој пример укажа на тоа дека вирусот може бргу да се промени. Сепак Американскиот центар за контрола на заразните болести соопшти дека вирусот „Х1Н1“ не ги поседува генетските карактеристики на опасниот „Шпански грип“ кој во 1918 и 1918 година однесе меѓу 40 и 50 милиони животи.

Автор: СН/АТ/дв

Редактор: Александра Трајковска