1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Данска - ЕУ да, евро не!

Александер Фајст / Александар Методијев 26 август 2012

Данска е член на ЕУ, но Данците не го сакаат еврото. Тие ја задржаа својата круна како платежно средство. Како денес изгледа секојдневието во граничната област меѓу еврото и круната, меѓу Германија и Данска?

https://p.dw.com/p/15oNW
Фотографија: picture alliance / dpa

Сино море, бели плажи, супер сончево време - Зилт на северот од Германија е монденска дестинација за одмор. Но, сведоци сме дека се’ повеќе Германци го напуштаат островот со следниот траект во правец кон Данска.

Таму додуша врне многу почесто, а и плажите не се толку бели, но Данците имаат нешто друго - стабилната круна. Се чини дека тоа ги примамува Германците.

„Одмараме од еврото“, вели една Германка.

„Претпоставуваме дека круната што се става на глава е од злато и поради тоа мора и валутата да биде јака“, додава еден маж.

21.03.2009 DW-TV Hin und Weg sylt
Туристичкото место Зилт, на северот од Германија

„Ова е прекрасна слика. Сликава е навистина убава“, забележува друг Германец, покажувајќи кон банкнота од данската круна.

„Како Германец би рекол дека повторно ја сакам германската марка. Но, во секој случај би рекол: круна, бидејќи еврото е скапо“.

Благодарение на јаката круна одморот е релаксирачки. Нема страв од пад на курсевите и нема стресови поради еврото за време на одморот. Исто така и капетанот Бем може екслузивно за нас да потврди дека постои нов тренд - одмор од еврото.

„Ги немам бројките во глава, но го гледам тоа овде на палубата. Јас можам од добра позиција најдобро да забележам“, вели Бернд Бем, капетан во компанијата „Зилтфере“.

Во бродската продавница сега се исплаќа она што Данците еднаш го одлучија: ЕУ - да, но круната останува и тоа со цврст девизен курс во однос на еврото. Така: Чоколадо од едно евро чини точно: 7,46038 круни.

Се чини дека за Германците навикнати на еврото, ова е малку прекомпликувано. Новинарот прашува: „Можете ли да ми кажете колку круни се едно евро?“, а еден Германец отсечно одговара: „Не!“

„Би морале со пишување да сметаме“, забележува туристка од Германија.
 
Данците спротивно на тоа мораат низ земјите од еврозоната да менуваат пари за лебчиња со риба. И покрај тоа, за нив не доаѓа в предвид друга валута.

„Круната едноставно е подобра од еврото“, вели еден Данец, а неговиот сограѓанин дополнува: „На наша возраст не може човек воопшто да се навикне на поинаква валута“.

eine Flaschenpost am Strand gefüllt mit Euroscheinen
Данците кога патуваат мораат круната да ја менуваат во евраФотографија: Fotolia/Robert Neumann

По четириесетина минути патување стигнавме на целта: пристаништето Хаунеби во Данска - добредојдовте во земјата на круната. Во киоскот на пристаништето, Стиг Атцен прави ход-дог за туристите и за тоа наплаќа во што друго ако не во круни!

„Се радувам што ја имаме круната. Валутата ни дава извонредно национално чувство“, вели Стиг Атцен.
 
За колбасите тој наплатува цели 22 круни. Во евро-метрополата Берлин за таа сума се добиваат две порции и многу кечап одозгора. Веројатно еврото и не е толку лошо како што му се припишува.