1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Данскиот премиер Размусен се извинува преку Ал Џазира

3 февруари 2006

Данската влада се чини конечно ја сфати сериозноста на ситуацијата околу спорните кариктури на пророкот Мухамед во најтиражниот дански весник и сега прави се‘ за да ја намали штетата во меѓународни рамки.

https://p.dw.com/p/Ac9F
Размусен во обраќањето преку Ал Џазира
Размусен во обраќањето преку Ал ЏазираФотографија: AP

Така премиерот Андерс Фог Размусен се појави на арапската ТВ станица Ал Џазира, каде видно несигурен се обиде да ги смири духовите.

„Среќен сум што ја добив оваа можност за да и‘ се обратам на широка арапска публика. Сакам да Ви кажам дека Данците високо ги ценат добрите односи меѓу Данска и мислиманскиот свет. Тоа се оддноси што почиваат врз пријателство и почит. И имам исто така многу важна порака до Вас: данскиот народ со генерации ја бранеше слободата на изразување на мислењето, како и слободата на вероисповедта. Ние најдлабоко ги почитуваме сите религии, вклучувајќи го и исламот. И исто така ми е важно да Ви кажам дека Данците не сакаат да ги напаѓаат муслиманите, напротив ќе сториме се‘ за да ја продолжиме тардицијата на дијалог и почит. Многу сум тажен што многумина муслимани карикатурите во данскиот весник ги сфатиле како богохулење кон Пророкот Мухамед„ – изјави Размусен во интервјуто за Ал Џазира.

Истата порака данскиот премиер на денешната средба ќе им ја пренесе и на амбасадорите на повеќе муслимански земји во неговата земја. Во изминатите недели Размусен изрично одбиваше средба со овие амбасадори. Многумина во данската јавност му префрлаат дека одреагирал предмногу доцна на ескалацијата на целата криза. А забележлив е и пресврт во јавното мнение, кое до сега ги поддржуваше уредниците на данските весници кои ги објавија спорните карикатури. На нив Пророкот Мухамед е прикажан дури и како терорист.

Вака вчера вечер на главниот плоштад во Копенхаген околу 200 демонстранбти протестираа против најтиражниот весник Јиландс Посетен кој прв ги објави карикатурите и ја критизираа политиката на данската владата што е наводно непријателски насочена кон исламот и доселениците. На плакатите имаше натписи на дански и арапски.

Во меѓувреме и имамот на Копенхгане, Абдул Вахид Педерсен, најави дека во петочната молитва во џамијата сака да повика на смирување на страстите:

„Слобода на мислењето има и воисламот. Во списите на пророкот, има повеќе примери за тоа како поединци ги критикувале авторитетите. Но, тоа нема врска со фактот што една група ги навредува чувствата на друга„ - нагласи имамот од Копнехаген.