1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Да не се оддолжува!

10 јули 2007

Бан Ки Мун, по разговорите во Брисел со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и Хавиер Солана, предупреди дека какво било одложување на процесот би можело да се одрази негативно врз покраината и поширокиот регион.

https://p.dw.com/p/BER4
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки МунФотографија: picture-alliance/dpa

“ Утрово разговаравме за прашањето Косово, една од најсериозните теми со кои сме соочени пред се поради недостаток на напредок и неприфаќањето на препораките на мојот претставник. Сметам дека секое одложување на ова прашање би се одразило негативо не само за балканот, туку за целокупното единство на ЕУ. Апелирам до сите страни да се ангажираат во преговорите, посебно ЕУ, чие единство е многу важно“ изјави Бан Ки Мун и додаде:

“ Ги повикувам сите засегнати страни во процесот да не преземаат какви било еднострани чекори кои би можеле уште повеќе да ја усложнат состојбата. Сметам на ЕУ од која очекувам да продолжи да работи на ова прашање“

Високиот претставник на ЕУ, Хавиер Солана, по средбата со Бан, ја нагласи подготвеноста на Брисел да ја преземе надлежноста на Косово:

“ Ние сме подготвени да ја започнеме мисијата на Косов, но за тоа ни е потребна резолуција на советот за безбедност. Се надевам дека во процесот, кој е отворен и трае, ќе биде потребен уште еден период на разговори, по што резолуцијата ќе биде усвоена. Тоа е наша цел и желба и заради тоа ќе работиме заедно со ОН“

Солана, кој попладнево разговара со српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, нагласи дека дополнителниот период на разговори согласно предлог резолуцијата која е доставена во советот за безбедност е временски ограничен:

“ Идејата е тоа да бидат 120 денови, иако не сакаме точно да ја одредиме временската рамка, но сакаме да нагласиме дека не размислуваме за процес чиј крај е отворен. Имам чувство дека српската страна е подготвена да се ангажира во процесот, кој уште еднаш повторувам, не смее да биде временски отворен“ изјави Солана

Заменик американскиот државен секретар Даниел Фрид, кој е на разговори со властите во Белград, синоќа во Приштина изјави дека САД ќе поддржат продолжение на преговорите кои во секој случај би завршиле со решение независно Косово.