1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Да се разјаснат инцидентите во тетовско и во кумановско

1 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C02A

Потпретседателот на македонското собрание Иван Атанасовски бара расветлување и елиминирање на сите шпекулации околу инцидентите во тетовскиот и кумановско липковскиот крај . Атанасовски смета дека треба да се преземе решителна акција бидејќи групите или поединците што се појавија во овие регини сеуште немаат политичка подршка . Во Липковскиот крај имено беше киднапиран еден малолетник а во тетовско рано изутрината се случила престрелка во која е убиен еден од избеганите затвореници од косовскиот затвор Дубрава , Џавид Морина –јави денеска агенцијата Макфакс Инаку Советот за национална безбедност на вчерашната седница заклучи дека безбедносната ситуација во земјата е стабилна ,но постојат предизвици во контекст на регионалните случувања.