1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Да се урне унгарскиот бедем

ЕМФ/миа/макфакс18 јануари 2014

На првиот натпревар од втората фаза на ЕП во ракомет, денеска (18.01) Македонија за противник ја има Унгарија. Во досегашните меѓусебни дуели Македонија победила двапати, додека Унгарија има 10 победи.

https://p.dw.com/p/1At4z
Фотографија: Claus Fisker/AFP/Getty Images

Унгарската репрезентација во втората фаза од континенталниот шампионат влезе како третопласирана во групата Б, без победа. Прво убедливо загуби од Шпанија (27:34), а потоа унгарските ракометари одиграа две нерешени средби, против Исланд (27:27) и против Норвешка (26:26).

Двојки за другите две денешни средби од оваа група: Австрија – Исланд (18:15 часот) и Данска – Шпанија (20:30 часот).

Во новоформираната Група 1 Данска и Шпанија влегуваат со по четири бодови, Македонија со два, Исланд и Унгарија со по еден, а Австрија во втората рунда не носи ниту еден бод.

Македонската репрезентација, по денешниот натпревар против Унгарците, во понеделник игра против Исланд, а во среда во последното коло во групата, ќе игра против Шпанија.

Табела: Шпанија 4 бодови, Данска 4, Македонија 2, Исланд 1, Унгарија 1, Австрија 0.