1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дебата за безбедноста,но нема причини за паника

6 септември 2007

Германската канцеларка ја поздрави акцијата на полицијата, која сега презема активности оти постоело опасност, лицата да побегнат. Министерот за внатрешни работи е свесен за опасноста но предупреди од создавање паника.

https://p.dw.com/p/BbxS
Едно од осомничените лицаФотографија: AP

Германската полиција успеа успешно да ја заврши повеќемесечната акција и да ги уапси трите лица, двајцата конвертирани Германци и Турчинот за кои постои сомневање дека планирале напади, во Германија на места каде претежно се собирале Американци.

Канцеларка Ангела Меркел ја поздрави акцијата на полицијата „Сознанието сега е дека не постои само апстракната опасност, постојат реални опасности, но ова е вистинска реакција на нашата полиција, што и успеа оваа реална опасност да не прерасне во страшено и речиси неопишиво случување, и тоа е голем успех”, оцени канцеларката Меркел

Во контекст на спречените терористички напади, од министерствотот за внатрешни работи се вели дека се трага уште по десет осомничени лица – Бројката е прилично точна, потврди и државниот секретар во министерството за внатрешни Аугуст Ханинг утрово за првата програма на германската телевизија. Според него бараните терористи делумно се наоѓаат во Германија, делумно во странство и станува збор за Германци и други националности.

По успешната операција веќе не постои опасност од оваа конкретна ќелија нагласи Ханинг.

Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле од своја страна предупреди од прекумерен страв - Не верувам дека во моментов имаме реално зголемена опасност, потенцираше Шојбле. Со оглед на актуелната дебата министерот повторно се заложи за неговиот прдлог за засилено набљудување на активностите преку интенет. „Генерланиот обвинител, претседателот на сојузната криминалиситичка служба, претседателот на сојузната служба за заштита на уставот, одоговорните во покраините – сите велат Мора да имаме можност во тесно ограничени и случаи во кои посотои основано сомневање, затоа што мораме да држиме чекор со технолошкиот развој со терористите сметам дека на ден како овој мора сериозно да се земе в предвид она што го велат стучњаците. ” смета Шојбле

На барањето на Шојбле се спротивставува германската министерка за правда Бригите Циприс, која вели дека актуенлните апсења на трите лица биле спроведени без да бидат засилено претражувани комјутерите на осомничените лица, туку со нормална контрола на интернет активностите.