1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Девалвација на боливарот во Венецуела

ЖА/дв/дпа/афп/ртре9 февруари 2013

Венецуела сака да ги санира своите државни финансии. Владата со таа цел реши да изврши значителна девалвација на националната валута, боливарот, за една третина.

https://p.dw.com/p/17bNj
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Венецуелската влада ја девалвира националната валута, боливар. Министерот за планирање и финансии Хорхе Џордани изјави дека курсот за размена на венецуелската парична единица во однос на доларот се зголемува од сегашните 4,3 боливари за долар на 6,3 боливари за долар. Тоа претставува девалвација на боливарот од 31,75 проценти. Според Џордани, шефот на државата Хуго Чавез го наредил овој чекор заради „минимирање на издатоците и максимирање на резултатите“. Девалвацијата, која аналитичарите ја очекуваа изминатите месеци, е првата по 2010 година.

Venezuela Währung Bolívar Fuerte
Министерот Џордани (лево) и претседателот на Централната банка МерентесФотографија: Reuters

Министерот Џордани изјави дека новиот курс стапува во сила веднаш. Намерата на владата очигледно е справување со внатрешните долгови, односно санирање на државните финансии. Девалвацијата на државата и‘ носи предност од полесно враќање на долговите на домашните доверители. Експортот на нафтата, што е главен извор на приходи за земјата, се пресметува во американски долари. Но, истовремено девалвацијата ќе ја заостри инфлицијата, која со сегашните 20 проценти е највисока во цела Јужна Америка. Во минатите месеци инфлацијата во Венецуела изнесуваше 22,2 проценти. Претседателот на Централната банка Нелсон Мерентес соопшти дека владата преминува на системот на размена на валутите СИТМЕ. Од 2003 година во Венецуела постои утврден курс на размена. Кога претпријатијата или приватните лица сакаат да купат долари заради увоз на стоки или заради патувања, своите пари мора да ги разменат во една од државните агенции. Бидејќи во Венецуела постои строго ограничено количество долари, постои илегална трговија со девизи, а на црниот пазар во Венецуела доларот во последните месеци се продаваше четири пати поскапо во споредба со официјалниот курс.

Венецуелскиот претседател Хуго Чавез, инаку, во моментов е на лекување во болница во Куба. Поради дијагностицираната болест, рак, тој не можеше да положи заклетва за третиот по ред мандат, на кој беше избран во октомври 2012. година.