1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Девет загинати во Минхен, напаѓачот е мртов

ЖА/дпа/афп/ртре23 јули 2016

18-годишен Германец со иранско потекло е одговорен за смртоносниот напад во Минхен, во кој загинаа девет лица. Мотивите за нападот не се познати, полицијата смета дека тој е дело на поединец.

https://p.dw.com/p/1JUfU
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.-J. Hildenbrand

Според полицијата, нападот во Минхен е дело на поединец. 18-годишен маж вчера во попладневните часови отвори оган пред еден ресторан, а потоа и во трговскиот центар Олимпија во Минхен. Убиени се девет лица, најмалку 16 се ранети, потврди минхенскиот раководител на полицијата Хубертус Андра во раните утрински часови. Веројатниот убиец подоцна се убил самиот, смета полицијата. На него наишла полициска единица на околу еден километар од местото на нападот и отворила оган, но се смета дека тој веќе претходно бил мртов. Кај него бил пронајден пиштол.

Deutschland Tödliche Schießerei in München
Фотографија: Reuters/M. Dalder

Првично ситуацијата во баварската престолнина беше нејасна. Се претпоставуваше, врз основа на искази на сведоци, дека се работи за до три напаѓачи. Полицијата зборуваше за „акутна терористичка ситуација“ и прогласи вонредна состојба во градот поради напад. Во акција беа вкупно 2300 полицајци, вклучувајќи ја и антитерористичката единица ГСГ9, специјалци од повеќе германски покраини, како и специјална единица од Австрија. Јавниот живот во градот беше целосно блокиран, возовите, трамваите и звтобусите не сообраќаа, железничката станица беше евакуирана, рестораните затворени. Полицијата ги повика Минхенчани да останат во домовите и да избегнуваат јавни места. Во првите моменти беше нејасно дали се можни натамошни напади. Од повеќе места беше известено за наводно пукање, како што се покажа подоцна, сосем неточно.

Сосем се нејасни мотивите за делото. Полицијата досега нема информации дали зад него се кријат терористички мотиви. „Моментно поаѓаме од оружен напад“, изјави Хубертус Андра. Повеќе детали ќе бидат веројатно познати по претресот на станот на напаѓачот.

Животот во Минхен во меѓувреме се нормализира, а првите минувачи полагаат цвеќе на местото на крвавиот напад.