1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

300710 Assad Abdullah

31 јули 2010

Сирискиот претседател Башар Асад и саудискиот крал Абдула, имаа историска средба во Бејрут. Повод - можното обвинение на членови на Хезболах за убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири.

https://p.dw.com/p/OYqa
Фотографија: AP

Симболична посета која ја покажа желбата на арапскиот свет да ги решава и сам своите проблеми. По средбата, сирискиот претседател Асад го крена палецот и рече дека разговорот бил извонреден. Портпарол соопшти дека Асад и саудискиот крал Абдула нагласиле дека стабилноста е многу важна.

Откако Хезболах смета со тоа дека некои нејзини членови ќе бидат обвинети за убиство на поранешниот либански премиер Рафик Харири, таму се закануваат немири. Тоа што сирискиот претседател Асад сега заедно со саудискиот крал Абдула отпатува во Бејрут за да ги смири тензиите, според Рами Кури, професор на Американскиот универзитет во Бејрут, е добар знак:

Syrien Baschar al-Assad Saudiarabien Abdullah ibn Abd al-Aziz
Саудискиот крал Абдула (д.) и сирискиот претседател Башар ел Асад (л.)Фотографија: AP

„Саудијците и Сиријците ги репрезентираат двата идолошки пола во арапскиот свет. Кога можат да соработуваат, ситуациите се смируваат. Ако се едни против други, состојбата ескалира. Тоа што денеска (30.07.10) двајцата дојдоа во Бејрут ми покажува дека ќе имаме 3-6 месеци мир во Либан.“

Заканите на Насрала предизвикаа немир

За немир се погрижи шефот на радикалниот Хезболах Хасан Насрала, кој минатата недела ги критикуваше членовите на Трибуналот на ОН кој треба да го разјасни убиството на Харири, и рече дека се продолжена рака на Израел и САД. Тој се закани со пружање отпор доколку навистина членови на неговата Хезболах бидат обвинети за убиството на Харири:

„Тие сакаат да го втурнат Либан во потешка ситуација отколку сега. Нека прават што сакаат, но за тоа ќе мора да сносат одговорност. Хезболах не се плаши од никого.“

Сирија има одлични односи со Хезболах и земјата дури и самата беше под обвинение дека е вмешана во убиството на Харири, но тоа го негираше. Поради меѓународниот притисок, Сирија тогаш мораше да ги повлече своите трупи од Либан. Односите меѓу двете држави се тешки. Ова беше прва посета на сирискиот претседател Асад во Либан, од атентатот во јануари 2005 година.

Автор: Јенс Вининг / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Горан Чутаноски