1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Делови од Албанија и натаму под вода

4 декември 2017

Поројните дождови кои зафатија делови од Албанија предизвикаа излевање на реките и поплавија повеќе села и земјоделски површини. Состојбата во меѓувреме се консолидира, но штетите се големи.

https://p.dw.com/p/2oi3l
Albanien Tirana - Hochwasser
Фотографија: Operational Unit for Flooding in Primiership

Повеќе од три илјади домови, 56 училишта и 16 илјади хектари хектари земјоделско земјиште се најдоа под вода по големите поплави кои ја зафатија Албанија. Надлежните испратија околу 6.500 полицајци и војници во погодените подрачја околу излеаната река Вјоса. Најмалку едно лице загина во поплавите кои започнаа во петокот минатата недела по поројните дождови кои ја зафатија земјата. Привремено беа затворени и единствениот меѓународен аеродром во земјата како и неколку пристаништа. 

Албанија под вода