1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Делта-сојот стана доминантен во Германија

ЕМФ / дв
8 јули 2021

Делта-сојот на коронавирусот сега е доминантен и во Германија. Вакцинирањето би морало да продолжи со голем интензитет, бара институтот „Роберт Кох“.

https://p.dw.com/p/3wCYB
Deutschland Fussgängerzone
Фотографија: imago/Schöning

Во моментов 59% од сите инфекции со коронавирус во Германија се со Делта-сојот, соопшти институтот „Роберт Кох“ (РКИ). Уделот на претходно доминантната Алфа-варијатна сега изнесува околу 33%.

И Алфа и Делта сојот се од страна на Светската здравствена организација означени како „загрижувачки“ варијанти на коронавирусот. Таква ознака имаат и Бета и Гама сојот, но тие во Германија досега се многу малку присутни, наведува РКИ. Уделот на двете варијанти во текот на изминатите недели изнесувал само околу еден процент.

РКИ, укажувајќи на различни сценарија за можно ширење на Делта-сојот, во понеделникот оцени дека вакцинирањето би морало да продолжи со голем интензитет. Се смета дека колективен имунитет би можело да се постигне кога стапката на вакцинација би изнесувала околу 85% во групата на возраст 12 до 59 години и 90% во групата луѓе на возраст поголема од 60 години. Досега во земјата прва доза на вакцината имаат добиено 57% од населението, а околу 40% се целосно вакцинирани.

Illustration eine Coronavirus-Mutation
Од мутациите на коронавирусот, во Германија е доминантен Делта-сојот, а потоа доаѓа Алфа-сојотФотографија: DesignIt/Zoonar/picture alliance

Темпото на вакцинирање е малку забавено. Минатата недела дневно биле инјектирани во просек по 710.100 дози, додека во неделата пред тоа по 800.500 дози.

Повеќе:

Страв од четврти бран на коронавирусот во Германија

Комбинирање на вакцините во Германија: Прво АстраЗенека, потоа Бионтек/Фајзер или Модерна

Половина година корона-вакцини: европски биланс

Од почетокот на пандемијата во Германија има 3.733.519 докажани инфекции со Sars-CoV-2. Меѓутоа, вкупниот број е е веројатно многу поголем, поради тоа што многу од инфекциите не се препознати како зараза со коронавирус, односно минале без или со мали симптоми.