1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дел Понте во Белград

21 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bi5V

Премиерот на Србија Војислав Коштуница на состанокот со главната хашка обвинителка Карла дел Понте истакна дека од интерес на Србија е во најкраток временски рок да ја заврши соработката со тој суд и додаде дека за тоа постои јасна политичка волја и решеност. Во соопштението објавено по состанокот на Коштуница и Дел Понте се наведува дека главната обвинителка истакнала оти е важно сите обвинети да се најдат пред Трибуналот што е можно поскоро. Дел Понте по посетата на Србија на 1 октомври до Европската унија ќе достави извештај за соработката на Белград со Трибуналот.