1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демант на сооопштението на Илирида

16 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BUwb

Претседателот на Илирида,Невзат Халили,се огради од соопштението на оваа организација кое вчера беше испратено до јавноста.Во него организацијата ги повикуваше сите пратеници Албанци да го напуштат македонскиот парламент и да учествуваат во прогласувањето на собранието на Република Илирида во Тетово.Движењето се изјасни за федерализација на Македонија,која би ја сочинувале два рамноправни државни ентитети,македонски и албански.Тоа тврди дека вооружените припадници на Илирида ги контролираат нејзините територии.Владиниот портпарол Ивица Боцевски штуро изјави дека државните институции будно ја следат состојбата во Македонија,а МВР не го коментираше соопштението на Илирида.