1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демократите го ставија Буш пред рок за повлекување

13 јули 2007

Американскиот конгрес вчера во Вашингтон со 223 против 201 глас, заклучи американските трупи во рок од 120 дена да го започнат повлекувањето од Ирак за во април 2008-та најголемиот дел од нив да бидат повлечени.

https://p.dw.com/p/BFWc
Џорџ Буш во Тирана остана без часовник, дома губи на политички план.Фотографија: AP

Конгресот постави и 18 критериуми што треба да го измерат успехот на американската мисија во таа земја.

„Од 18-те цели што според волјата на конгресот треба да бидат преиспитани, можеме да известиме дека во осум е постигнат задодолителен напредок. На пример, Ирачаните формираа три бригади кои треба да се грижат за безбедноста во и околу Багдад. Ирачката влада одвои 7,3 милијарди долари за тренинг, опрема и модернизација на сопствените трупи„, тврдеше преседателот Џорџ Буш.

Во текстуалниот извештај на владата, економската ситуација во Ирак се оценува како несигурна, додека безбедносната како комплексна и есктремно предизвикувачка. Ова лето треба да се очекуваат жестоки борби. Буш затоа укажа дека трупите пратени како засилување ќе бидат способни за акција дури по еден месец, односно во септември. Целта е да се засилат ирачката влада и нејзината поддршка во народот. Дури потоа трупите би можеле да се повлечат. Ако тоа почне сега, би имало катастрофални последици. Тој апелираше до Конгресот да ги стави на располагање потребните пари.

Демократите меѓутоа, веќе не сакаат да му остават време на Буш. Претседателката на претставничкиот дом Ненси Пелози, коментирајќи го исходот од гласањето изјави:

„Војната во Ирак е пречка за нас во сеопфатната битката против тероримзот со фокус кон Авганистан и други места. Со овој чин направивме џиновски чекор за да ја завршиме војната„.

За демократскиот сенатор Дик Дрбин:

„Претседателот го загуби контактот со реалноста на војната во Ирак. Она што стои во извештајот за постигнатото остава малку надежи„.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греем, напротив апелира до своите колеги:

„Ние направивме грешка, но уште поголема ќе биде ако ја промениме стратегијата во време кога таа почнува да се исплаќа„.