1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демократите се откажаа од данокот за богатите

17 декември 2011

Опозиционата Републиканска и владејачката Демократска партија во САД постигнаа компромис во спорот околу буџетот на земјата и избегнаа платежна неспособност на државата.

https://p.dw.com/p/13Uj5
Американскиот претседател Барак ОбамаФотографија: dapd

Претставничкиот дом на САД постигна согласност за законот за буџет во опсег од 915 милијарди долари до октомври 2012 година. 296 пратеници гласаа за компромисот меѓу Републиканците и Демократите, додека 121 пратеник беа против. Со оваа се спречи евентуалната платежна неспособност, која им се закануваше на државните институции во САД.

Претставничкиот дом, во кој доминираат Републиканците, во основа може да ја бликира политиката на буџетот на претседателот Барак Обама, меѓутоа двете страни постигнаа согласност. Во моментот кога еден од двата дома на Конгресот ќе го прифати буџетот, гарантирана е платежната сопсобност. Денеска за буџетот треба да гласа и американскиот Сенат.

Двете страни одобрувањето на компромисот го врзаа за политички барања. Демократите сакаат да спречат со крајот на годинава да истечат и даночните поволности за средниот општествен слој како и поволното регулирање на помошта за невработените. Тие издејствуваа даночните олеснувања да важат уште два месеца, првично бараа тие да важат цела 2012 година. Републиканците пак бараат да се забрза одлуката за спорната изградба на нафтовод од Канада до американскиот брег. Тие добија уверување дека Министерството за надворешни работи мора да го одобри нафотоводот Keystone XL, доколку Обама не се спротивстави со образложение за национален интерес. Демократите под притисок на Републиканците се откажаа и од првично планираниот вонреден данок на плата за милионерите.

Ratingagentur Standard & Poor's stuft US Bonität herab
Фотографија: picture alliance/dpa

Буџетските и финансиските прашања се едни од најспорните политички полиња во САД. Изминатово лето Конгресот во последна минута одобри покачување на горната граница на долговите и одбегнаа платежна неспособност на владата на САД.

Автор: АТ/ ЖА/афп/ дв

Редактор: Ж. Ацеска