1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстративно пријателство

20 март 2007

Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс во Вашингтон ги прими гостите од Европа:германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмер и првите луѓе во дипломатијата на ЕУ Хавиер Солана и Бенита Фереро Валднер

https://p.dw.com/p/AdsR
Штајнмаер и Рајс
Штајнмаер и РајсФотографија: AP

Германија и САД во Вашингтон демонстративно се обидуваа да прикажат единство и да придонесат за надминување на спорот и разликите околу американското инсталирање ракетен одбранбен систем во Полска.Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер :

„Американската потреба да се заштитити од оружје со долг дострел е не само легитимна,туку ние и ја почитуваме.За другата

страна пак ,и САД имаат разбирање.Ако овој систем биде проширен на Европа,се разбира дека и таму ќе се водат дискусии.Особено ние како претседателство со Советот на ЕУ имаме разбирлив интерес европските позиции да останат колку што е можно блиски или пак да се поклопуваат.“

Кондолиза Рајс укажа дека САД и Русија веќе во пролетта 2006 година дискутирале на оваа тема и дека ракетите не се насочени против Русија.Студената војна е завршена,изјави таа,но:

„Живееме во свет во кој треба да им се спротиставиме на малите нуклеарни закани,на малите потенцијални ракетни напади,на пример од Иран.И во овој свет еден ракетен одбранбен систем кој би ги неутрализирал ваквите мали закани е стабилизирачки а не дестабилизирачки фактор.“

Во Вашингтон се разговараше и за Блискиот исток,конкретно за односот кон новата палестинска Влада,за што т.н. Квартет и натаму ќе се советува.Германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер:

„Се разбира,по создавањето на владата на националното единство сега сме во фаза во која многу внимателно набљудуваме,не само она што новата Влада го изјавува во јавноста,туку и нејзините први одлуки и дела.Тоа ќе влијае врз европската подготвеност да соработува со новата влада.“

Притоа Блискоисточниот квартет останува на познатите барања,како што објасни Кондолиза Рајс:

„Не може да има никаков мировен договор и мировен процесс ако една од страните не го признава правоот на постоење на другата или не прекине со насилството.“

Пред да биде донесена одлуката за соработка на Европејците со новата палестинска влада, ќе продолжи меѓутоа тековната помош за Палестинците за следните три месеци и тоа во истата форма како и досега,најави еврокомесарката за надворешни работи Бенита Фереро Валднер:

„Тоа се однесува на водата и горивото и на социјалните давачки за најсиромашните и ќе продонесат за преживување на најбедното население.“