1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстрации во Анкара

14 април 2007
https://p.dw.com/p/AgDy

Денеска во Анкара околу 80.000 лица демонстрираат против можната кандидатура на сегашниот премиер Реџеп Таип Ердоган за иден претседател на државата. Турската армија, како последен чувар на секуларниот карактер на државата, вчера се изјасни за нерелегиозно ориентиран наследник на сегашниот претседател Ахмед Неџет Сезер, кому во мај му истекува мандатот. Претседателот Сезер во говор пред воената академија предупреди на опасноста од исламизација на политичкото раководство на земјата. Секуларниот систем во Турција е во најголема криза од основањето на Републиката во 1923-та година, нагласи Сезер во Истанбул.

На ова му се спротивстави министерот за надворешни работи Абдула Ѓул, кој укажа на политичките реформи во земјата и на стопанските успеси, кои – како што рече тој – добиле признанија и од странство.