1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Демонстрации против војната во Ирак

18 март 2007
https://p.dw.com/p/AgMs

Непосредно спроти четвртата годишнина од воениот напад против Ирак, во Соединетите Американски Држави и Европа стотици илјади луѓе протестираа против војната во оваа земја. Во Вашингтон најмалку 20 илјади луѓе учествуваа на протестната поворка пред американското министерство за одбрана. Во Европа најголемите демонстрации беа одржани во Мадрид, а протестни собири имаше и во Истанбул, Копенхаген, Прага, Атина и Никозија.

Голема манифестација е најавена за денеска во Њујорк.