1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денесека ќе биде погребан Ибрахим Ругова

26 јануари 2006

Граѓаните на Косово од утрината му одаваат последна почит претседателот Ибрахим Ругова кој денеска ќе биде погребан. Илјадници граѓани низ улиците на Приштина ќе упатат последен поздрав до човекот кој многумина го нарекуваа Ганди на Балканот.

https://p.dw.com/p/Ac9V
Ибрахим Ругова
Ибрахим РуговаФотографија: AP

Ибрахим Ругова ќе биде погребан во 14 часот во Приштина . Во овие моменти последна почит на претседателот Ругова му одаваат припадниците на почесната гарда на Косовоскиот заштитен корпус. Точно во 9 часот е предвидено тоа да го сторат и членовите на неговото семејство и преставници на косовските институции.

Погребната поворка од зградата на Собранието ќе се упати кон спортската сала 1 октомври каде до 12.30 минути преставниците на странските делагации, пратеници и посебни гости, за последен пат ќе се поздрават од Ибрахим Ругова. Погребната церемонија ќе започне во 13 часот и според најавите ќе се одвива без верски обичаи.

На последната комеморација ќе зборуваат шефот на УНМИК во покраината, Сорен Јесен Петерсен, премиерот Бајрам Косуми и потпретседателот на демократскиот сојуз на Косово Кољ Бериша.

Делегацијата на ЕУ ќе ја предводи високиот преставник за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана. На погребот ќе присуствува и министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер. За властите во Берлин, Ругова секогаш важеше за близок пријател:

„ Господинот Ругова долги години беше еден добар пријател на Германија„ изјави во Берлин потрпаролот на владата Мартин Јегер

Делегацијата на САД ќе ја предводи министерот за урбанизам Алфонсо Џексон. Стејт Департментот синоќа ги повика политичките фактори на Косово да бидат обединети во тешките моменти. Заменик државниот секретар Николас Барнс нагласи дека Ибрахим Ругова бил централна личност во политичкиот живот во покраината кој знаел да го зачува единството меѓу различните групи и фракции.

Македонската делегација ќе ја предводи престедателот Бранко Црвенковски. Покрај шефот на државата на погребот на Ругова ќе присуствуваат и вицепремиерот Муса Џафери и министерот за надворешни работи Илинка Митрева, како и лидерите на политичките партии на албанците, Али Ахмети од ДУИ и Арбен Џафери од ДПА. Премиерот Владо Бучковски се запиша во книгата на жалоста отворена во канцеларијата на УНИМК во Скопје.