1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денеска историска израелско - палестинска средба

8 февруари 2005

Израелскиот премиер Ариел Шарон и палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска на самит во Египет ќе бараат мировно решение за долгогодишниот конфликт. Двете страни најавија дека се подготвени за прекин на огнот, доколку запрат насиствата во Западниот Брег и појасот Газа.

https://p.dw.com/p/AcHX
Подготовки за конференцијата во Шарм Ел Шеик
Подготовки за конференцијата во Шарм Ел ШеикФотографија: AP

Египетското летуваалиште Шарм Ел Шеик ќе биде местото каде што за првпат по четири години застој, Израел и Палестина на највисоко ниво ќе се обидат да изнајдат решение за долгогодишните насилства во регионот .

Се очекува на денешниот сосдтанок, да биде и официјално објавен конечен прекин на огнот меѓу двете страни. Доцна синоќа, официцијални претставници на Израел и Палестина објавија дека по дво неделни подготвителни преговори, се подготвени на на таков чекор. Условот е да запрат насилствата од обете страни.

,, Чекаме нова шанса што треба да се зграпчи. Самитот во шарм Ел Шеик е многу важен настан, но и вистински тест,, изјави израелскиот министер за надворешни работи Силван Шалом.

,, Доколку престанат терористичките напади и насилствата , нема да има потреба за дополнителни операции, затоа што затишјето е одговор на затишјето,, изјави доцна синоќа висок претставник на кабинетот на Шарон, а слична изјава дадоа и палестинските претставници.

Според најавите, египетскиот самит ќе трае три чааса и ќе заврши со декларација во која меѓудругото, ќе биде дефиниран трансферот на палестиските безбедносни сили во Западниот Брег. Сепак двете страни се уште ги немаат докрај прецизирано некои од главните разлики, како на пример како ќе биде гарантирана безбедноста на Израелците на Запданиот Брег, или пак престанокот на делувањето на палестинските групи во Ерусалим.

Светските лидери, и покрај тоа го поздравија обновувањето мировните обиди меѓу Изреал и Палестина што се случува по изборот на Абас за нов палестински претседател, бидејќи Шарон не сакаше да седне на иста маса со поранепниот палестински лидер Јасер Арафат. Се очекува на почетокот на средбата да се обрати и египетскиот претседател Хосни Мубарак, а ќе бидат присутни и други светски лидери, како на пример јорданскиот крал Абдула Втори.