1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Денови на хаос во еврозоната

Жанг Дахонг/ Симе Недевски21 март 2013

Девет месеци се преговараше за спас на Кипар. И само што е пронајдено решение, кипарскиот парламент олучи да го одбие. Економистите сметаат оти политиката на земјите во еврозоната делумно е виновна за настанатиот хаос.

https://p.dw.com/p/181Go
Zypern Euro MünzeФотографија: dapd

Кога Клеменс Фуест, претседателот на Центарот за европско економско истражување, на крајот на минатата недела ја прочитал веста за договорот меѓу Кипар и меѓународните кредитори, најпрво помислил дека се работи за погрешна информација: „Во Европа постојат јасни правила за уредување на банки“, кажува Фуест.

„Апсолутно самоволие“

Тоа правило предвидува гаранција, која прво ја даваат самите банкари, а кога е потрошен сопствениот капитал тогаш тоа го прават доверителите. Во нив спаѓаат сопствениците на акции и банковни сметки.По правило гаранцијата ја даваат акционерите кои во добри времиња добиваат високи дивиденди, а штедачите со вложувањата со 100.000 евра се заштитени со посебни фондови. Така тоа го вети Европската унија. Меѓутоа, може да се случи исто така кипарските гарантни фондови да банкротираат и на крајот и малите штедачи да имаат големи загуби.
„Законите всушност бараат да се оди по тој пат, прво да мора да платат сопствените приватни акционери, а потоа надворешните вложувачи“, кажува Фуест.

Zypern Eurokrise Krise Euro Geld Wirtschaft Symbolbild
Фотографија: picture alliance/chromorange

Министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната меѓутоа скршнаа од тој пат, па најнапред сакаа штедачите, кои имаат влог до 100.000 евра, да бидат оданочени со околу 7 проценти. Тоа е всушност делумно одземање на приватна сопственост кое политичарите разубавено го викаат данок. Во некои други области тоа би завршило пред суд, кажува Фуест и додава: „За мене тоа е скандал, тука да се дозволува апсолутно самоволие.“

Стравот од финансиски пожар е голем

Навистина, исправно е приватните доверители да придонесуваат за спасување на една кризна земја, но ова е прв нечесен обид до таа мерка што учеството на приватните инвеститори е потполно дискредитирано, смета Фуест. И директорот на Институтот за економска политика на Универзитетот во Келн, Ахим Вамбах предупредува на тоа дека главен проблем е загубата на доверба: „Што сега да мислат Шпанците. Банките таму се под заштита на европскиот заштитен механизам. Акционерите и понатаму ги оставаат на мира. Да сум Шпанец, би станал нервозен и би префрлил дел од парите во странство или би ги ставил под перница.“

И додека некои од експертите сметаат дека банкротот во Кипар е неизбежен, економистот Фуест мисли оти ЕУ тоа нема да го дозволи. Сепак, стравот од домино реакција и голем финасиски пожар во еврозоната е преголем.