1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден на жалост во Македонија поради смртта на Тоше

17 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Brji

Денеска во Македонија е ден на жалост поради смртта на најпопуларниот поп пеач Тоше Проески. Тој со највисоки државни почести ќе биде погребан денеска во родното Крушево. Веста за смртта Тоше е меѓу главните теми во медиумите на Балканот. Хрватските обожаветели се шокирани и тажни поради смртта на Тоше, а несреќата во која тој загина е меѓу ударните вести во тамошните медиуми. За популарноста на големата ѕвезда сведочат и бројните коментари и изрази на сочуство од неговите обожаватели објавувани на интернет порталите. Веста за загинувањето на Тоше ја објавија и најголемите светски новински агенции нарекувајќи го една од најголемите балкански ѕвезди. Популарноста на Тоше се поистоветува со онаа на Елвис Присли во Америка.