1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден на слободниот печат

3 мај 2005

Денеска новинарите во светот по 15 пат го одбележуваат меѓународниот ден на слободата на печатот на кој организацијата „Репотреи без граници„ во Париз предупреди на масивните ограничувања на слободата на медуимите и нивните мислења.

https://p.dw.com/p/AcFo

Со поглед кон 53-цата загинати во минатата година во вршењето на нивната професија, оваа организација изминатиот период го оцени како жалостен. Голем број држави се обидуваат да го спречат ширењето на информациите со самоволно апсење, тепање или други форми на репресија. Од почетокот на војната во Ирак таму загинаа 56 новинари што е за само 7 помалку отколку во целата виетнамска војна од 55 до 75-тата, изјави претседателот на „Репортери без граници„ Робер Менар. Оваа организација посебно апелира до властодршците во Кина, Непал, Иран и Куба. Кина и натаму има најголем број новинари во затвор: зад решетки се наоѓаат 26 репоретри. Малкуте преостанати критички новинари во Иран пред претстојните избори се наоѓаат под зголемен притисок. Во Непал владее вонредна состојба и за медиумите. Голем број весници се затворени, вестите на радиото се забранети. Таму денеска околу илјада и 500 новинари демонстрираа за итно запирање на цензурата. Меѓу државите во Африка со најголеми ограничувања се вбројува Зимбабве. „Репортери без граници„ не се стеснува како непријатели на слободата на печатот, да ги вброи и рускиот претседател Путин, како и шефот на кинеската држава и партија Џинтао. Нивниот извештај денеска беше претставен и во Берлин со оценка дека слободното изнесување ставови и независни медиуми не постојат во големи делови во светот. Скоро една третина од човештвото живее без слободен пристап до информации, а со тоа и без шанса за демократски развој, изјави Михаел Редиске, претставник на „Репоретри без граници„.