1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетици жртви во поплавите во Јапонија

ЕМФ
7 јули 2018

Во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од тешкото невреме во Јапонија, загинаа најмалку 20 луѓе

https://p.dw.com/p/30zeQ
Unwetter in Japan
Фотографија: picture-alliance/dpa

Јапонскиот премиер Шинзо Абе оцени дека состојбата е „екстремно сериозна“. Додека локалните власти зборуваат за 20 жртви, медиумите јавуваат за 46 загинати и 48 исчезнати лица.

Стотици куќи се оштетени, а во акција на спасување се илјадници луѓе. Властите наредија евакуација на 1,9 милиони жители на регионот на западот на Јапонија.

Во регионот погоден од невремето се наоѓаат големите градови Фукуока, Нагасаки и Хирошима.

 

Катастрофа во Јапонија