1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Десетици загинати во земјотрес во Индонезија

СН/ агенции
7 декември 2016

Индонезиската провинција Ачех беше погодена од земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала. Бројот на загинати во силниот потрес постојано расте.

https://p.dw.com/p/2TsTO
Indonesien Erdbeben in Aceh
Фотографија: Reuters/N. Husien

Како што соопшти службата за цивилна заштита во земјотресот кој го погоди крајбрежјето на индонезиската провинција Ачех досега загинаа најмалку 54 лица, а се урнаа десетици згради. Стотици луѓе се повредени. Се стравува дека бројот на жртви значително ќе се зголеми со оглед дека под урнатините се наоѓаат уште луѓе.

Земјотресот со магнитуда 6,5 се случи во 8 часот и 13 минути по локално време со епицентар 18 километри североисточно од областа Пидије Јаја на островот Суматра.

„Не издадовме предупредување за цунами“, изјави претставник на индонезиските власти за светските новински агенции.

Населението, војската и полицијата ги пребаруваат урнатините во околината на епицентарот на потресот, а локалните власти велат дека се итно потребни машини за копање, и опрема и материјал за итно згрижување на луѓето.

Силен земјотрес во Ачех

Во главниот град Џакарта претседателот Џоко Виодо им нареди на сите државни служби да се вклучат во спасувањето.

Индонезија се наоѓа во таканаречениот „Пацифистички огнен прстен“, и е подложна на силна сеизмичка активност и вулкански ерупции. Над 100.000 лица загинаа во Ачех  во катастрофалното цунами кое беше предизвикано од силен земјотрес на 26. декември 2004. година. Бројот на загинати во цела Индонезија тогаш изнесуваше околу 170 илјади луѓе.