Десетте најскапи уметнички дела
6 мај 2010За рекордна цена од 106, 5 милиони долари непознато лице деновиве на уметничка аукција во Њујорк купи слика од шпанскиот уметник Пабло Пикасо. Како што соопшти аукциската куќа „Кристис“ ова е највисока сума која е платена за уметничко дело на аукција.
Сликата “ Акт, зелени лисја и биста“ потекнува од 1932 година. Досегашната рекордна цена од 104, 3 милиони долари беше платена годинава во февруари за скулптурата „Човек кој оди“ на швајцарскиот надреалистички сликар Алберто Џакомети.
Трипати Пикасо
На топ десет листата на најскапо продадени уметнички девет се слики а само делото на Џакомети е скулптура :
1. „ Акт, зелено лисје и биста“ на Пикасо продадена во мај 2010 за 106, 5 милиони долари
2. „ Човек што оди 1 “ на Алберто Џакомети продадена во февруари 2010 година за 104, 3 милиони долари.
3.„Момчето со луле“ на Пикасо продадена за 104,3 милиони долари во мај 2004 година.
4. „ Дора Мар со мачка“ на Пикасо продадена за 95, 2 милиони долари во 2006 година.
5. „Портрет на Адел Блох Бауер“ на Густав Климт продадена во 2006 за 87, 9 милиони долари.
6. „ Триптих 1976“ на Френсис Бејкон продадена за 86,2 милиони долари во 2008 година.
7. „ Портрет на доктор Гаше“ на Винсент ван Гог порададена вцо 1990 за 82, 5 милиони долари.
8. „Забава во Мулен де ла Галет“ на Пјер Огист Реоноар прададена за 78, 1 милион долари во 1990 година.
9. „Масакр на недолжните “ на Петер Паул Рубенс за 76.7 милиони долари во 2002 година.
10. „Бел центар“ на Марк Ротко продадена за 72,8 милиони долари во 2007 година.
140 милиони за Полок
На оваа листа не се вклучени уметничките дела кои се продадени приватно, каде понекогаш се постигнуваат дури и повисоки цени. Се верува дека најскапо уметничко дело некогаш продадено е она на американскиот сликар Џексон Полок наречено „Број 5, 1948“ , кое го промени сопственикот преку приватна продажба за 140 милиони долари во 2006 година.
Автор: СН/ЖА/афпе/дв
Редактор: Жана Ацеска