Десет најдобри локации во Европа за дочек на Новата Година

Каде за дочекот на Новата Година? Прашање кое со задоволство си го поставуваме секоја година. Во тој смисол Европа има што да понуди. Погледнете.

Означувањето на почетокот на Новата година значи осветлување на градовите и прослава со разнобоен огномет. Придружете ни се на кратка тура низ најдобрите дестинации во Европа за дочек на Новата година.

Десет места за дочек на Новата година

Берлин

Прославата за доаѓањето на Новата година во Берлин привлекува повеќе од милион луѓе кои се собираат меѓу Бранденбуршката порта и Победничкиот столб. За да се потврди препознатливоста на Берлин како град на забавата, по завршувањето на огнометот прославата продолжува на улиците.

Десет места за дочек на Новата година

Лондон

Новата година во британскиот главен град се означува со звуците на Биг Бен од зградата на парламентот. Потоа следува огнометот над Темза. Оние кои сакаат да имаат најдобра глетка на спектаклот треба да се упатат кон Лондонското око - најголемото панорамско тркало во Европа. Со оглед на тоа дека е многу тешко да се стигне до билети, има и други места кои нудат одличен поглед на прославата.

Десет места за дочек на Новата година

Атина

За Грците, прославата на Нова година е поважна од прославата на Божиќ. Освен уживањето во добра храна и вино, по огнометот, Грците традиционално играат карти - дома или во казино. Организираната прослава на плоштадот Синтагма, кој се наоѓа недалеку од Акрополис по финансиската криза е значително помала. Добар поглед кон Атина има од планината Ликабетус.

Десет места за дочек на Новата година

Париз

На Шамп де Марс и на Трокадеро не се чувствуваат непријатните звуци и мирис од огнометот. Наместо тоа, тука можете да уживате во ласерско шоу кое елегантно е претставено на Ајфеловата кула. На Елисејските полиња, со поглед на Триумфалната порта, посетителите се собираат да си посакаат „Bonne année“.

Десет места за дочек на Новата година

Рим

Местото на собир на Христијаните од светот е „Пиаца Сан Петро“ или плоштадот Св. Петар. Тие се собираат на последната ноќ од годината каде што чекаат да пристигне папата во базиликата Св. Петар, каде што лично тој држи миса по повод доаѓањето на Новата година. Билетите се бесплатни, но вообичаено брзо ги снемува со оглед дека има само 10.000 места.

Десет места за дочек на Новата година

Прага

Овде, огнометот започнува од ридовите, осветлувајќи ги златните кровови на чешката метропола. Обичајот е да се исече јаболко на половина и ако се формира ѕвезда, тогаш се верува дека ќе имате среќа во престојната година.

Десет места за дочек на Новата година

Мадрид

Дочекот на Новата година во Мадрид е проследен со голема забава на Пуерта дел Сол, централниот плоштад во историскиот центар на градот. На новогодишната забава покрај шампањот, треба да донесете и грозје. Во Шпанија е традиција да се јаде грозје секој пат кога ѕвоната ќе заѕвонат на полноќ. Двојките често јадат грозје едни од други бидејќи се верува дека тоа носи среќа во Новата година.

Десет места за дочек на Новата година

Мадеира

Многу туристи доаѓаат да ја прослават Нова година на португалскиот остров, кој се наоѓа околу 1.000 километри југозападно од Лисабон, за да уживаат во најголемиот огномет во светот - како што тврди Гинисовата книга на рекорди. По полноќ, традиционално се сервира новогодишна супа од кокошка.

Десет места за дочек на Новата година

Женева

Еден од поскапите начини да се прослави доаѓањето на Новата година е да се гледа огнометот со чаша шампањ во раката и четири различни јадења сервирани на еден од бродовите кои пловат на Женевското езеро. Сцената е многу романтична со оглед на тоа дека бреговите на езерото се осветлени.

Десет места за дочек на Новата година

Истанбул

Градот на два континенти ја прославува Новата година на централниот плоштад Таксим. Најдобриот поглед на огнометот над Босфор е од мостот Галата. За оние кои преферираат традиционална прослава, најдобрите локали се во азискиот дел од градот од каде има и беспрекорен поглед на градот.

Следете нѐ