1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дете ја преживеа авионската несреќа во Триполи

12 мај 2010

При слетување на аеродромот во Триполи, во Либија, денеска се урна патнички авион. Според досега познатите информации, во авионот имало 104 патници и членови на екипажот.

https://p.dw.com/p/NLsj
Фотографија: AP

Повеќе од сто лица денеска го загубија животот во авионската несреќа во главниот град на Либија, Триполи. Само едно дете, меѓу 104-те патници и членови на екипажот, ја преживеало несреќата, рече портпаролот на аеродромот. Меѓу загинатите во несреќата се 61 холандски државјани, потврди портпаролот на холандскиот туристички сојуз Ад Вон. Детето што ја преживеа авионската несреќа, исто така е Холанѓанин.

Libyen Flugzeugabsturz
Фотографија: AP

Авионот на државната либиска авиокомпанија „Африкија ервејс“ леташе на релација Јоханесбург -Триполи. Несреќата се случила при слетувањето на авионот од типот Ербас А 330-200, на околу 25 километри јужно од аеродромот во Триполи. Авионот бил целосно уништен од ударот. Засега се’ уште не е познато зошто пилотот ја промашил пистата. Црните кутии и рекордерот со снимките се пронајдени. Телевизиската станица Ал Арабија, повикувајќи се на воздухополовните власти во Триполи, соопшти дека кратко пред слетувањето бил констатиран технички дефект на авионот. Авиокомпанијата засега не ја потврдува ова информација. Производителот Ербас се изјасни дека ќе им пружи поддршка на воздухопловните власти при истрагата на несреќата.

Libyen Flugzeugabsturz
Фотографија: AP

Автор: АТ/'ЖА/дпа/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска