1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Детски бракови на Косово

Вјоса Ќеркини
5 март 2021

Младата Ромка Ремзије Макреши се бори против ромската традиција на склучување рани бракови на Косово. За својот ангажман доби награда

https://p.dw.com/p/3qG0m
Kinderehe in Afrika
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/S. Alamba

16-годишната Ромка Ремзије Макреши сака да прекине една традиција на нејзиниот народ на Косово:

„Се ангажирав зашто сакав да спречам девојчињата во нашата заедница се мажат рано. Но, сакав и да бидат образовани за да имаат професија и подобар живот.“

Кај Ромите е честопати вообичаено девојчињата да се мажат рано. Се' уште многу родители и млади се држат до тоа. По свадбата, девојчињата често веќе не одат на училиште. Ремзије сака во нејзината училишна група да обрне внимание на значењето на образованието.

Овие разговори и' ги отвориле очите на Ѓултене Гаши:

„Многу разговаравме за раните бракови, разговаравме и во други групи и на други активности. За време на групната работа не' напуштија две пријателки, кои се омажија рано. Не треба да се влегува во брак рано, затоа што тоа не е добро за нас.“

Ремзије е првата Косовка која ја има добиено канадската награда „IdealMe Humanitarian“.

Повеќе за ангажманот на Ремзије, во видеото: 

Детски бракови на Косово

Вјоса Ќеркини
Вјоса Ќеркини Се занимава главно со теми од Косово, другите балкански земји и нивните односи со Западот