1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дивац се прости од професионалната кошарка

23 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BifE

Познатиот српски кошаркар Владе Дивац пред 10.000 поддржувачи во Белград синоќа се прости од професионалното играње. Некогашниот репрезентативец покрена и акција за помош на бегалците и раселените лица. „Сега почнува мојот најважен натпревар и најдобриот тим оди во најголемата победа – да им помогне на луѓето кои останаа без земја, куќи и пријатели и кои живеат во недостоинствени услови“, порача Дивац. Инаку на спектакуларното простување присуствуваа кошарските ѕвезди како Александар Џорџевиќ, Предраг Даниловиќ, Зоран Савиќ и Жарко Паспаљ, како и повеќе познати ѕвезди од НБА лигата каде играше Дивац.