1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дизајн што прераснува во уметност

Кирстин Шуман/ Александра Трајковска 7 октомври 2012

Дизајн од Финска: едноставен, функционален и безвремен. Уникатните форми се ценети во оваа сканидинавска земја, во која дури една четвртина од населението работи во креативната индустрија.

https://p.dw.com/p/16DGV
Фотографија: picture-alliance/dpa

Финскиот дизајн е познат по јасните форми и функционалноста. Мебелот како „Ball Chair" се класици на модерниот дизајн. Еднаш годишно браншата се среќава во финскиот главен град каде и годинава се одржа „Helsinki Design Week“. Саемот за финските дизајнери е задолжителен термин. „Кога дизајнирам мебел тоа за мене е како вајарство. Едно парче мебел мора да биде функционално и истовремено и убаво. Двете работи ми се важни”, вели Мико Паконен. Тој во Финска беше избран за „дизајнер на годината“ и освојуваше награди во Азија и САД. 37 годишникот дизајнира мебел за меѓународни произведувачи.

На саемот за дизајн тој меѓу другото презентираше столици. Секоја од нив изработена од едно парче дабово дрво. „Идејата за оваа столица ја добив од музиката. Фреквенциите на звукот се движат вака. Овие форми ме инспирираа. Тоа го нацртав и од тоа произлезе столицата”, подвлекува Паконен.

Во Хелсинки модерниот дизајн игра голема улога. Околу 200 продавници има само во т.н. „Design District“. Годинава градот дури ја носи титулата „Светски главен град за дизајн“. Оттука осмиот саем „Helsinki Design Week“ беше голем како никогаш до сега. На него се претставија повеќе од 50 изложби. Најголемата се одржа овде во еден стар магацин. Тука се презентираше и познатиот дизајнер Ика Супонен. „За мене дизајнот не е стил. Тој е идеја и служи за тоа да го подобри животот на луѓето. Затоа дизајнот треба да е достапен за сите општествени класи доколку преку индустриско производство може да се постигне висок квалитет“. Фотељите на Ика Супонен се познати во меѓународни рамки.

Designhauptstadt Helsinki
Хелсинки ја носи титулата „Светски главен град за дизајн“Фотографија: picture-alliance/dpa

На саемот во Хелсинки доаѓаат и дизајнери на мебел од странство. Борис Берлин е коосновач на „Komplot Design“. Ова претпријатие се смета за едно од најиновативните бироа во Данска. Тој редовно соработува со фински дизајнери.

„Финците едноставно се помалку луди и работите кои ги прават се навистина многу добри. Мислам дека финскиот дизајн ни нуди многу“, вели Берлин.

Во 30-тите години Алвар Алто ги положи темелите за светскиот успех на финските дизајнери. Неговиот мебел со јасни линии и предметите од стакло денес се класици. Т.н. „Ball Chair“ на Еро Арниос, фотеља од пластика во 60-тите години ја револуционираше браншата.

Bunte Stühle
Едноставните линии карактеристични за финските дизајнериФотографија: fischer-cg.de/Fotolia

Фирми како „Маримеко“ своите модели ги продаваа низ целиот свет.
Една четвртина од финското население денес работи во креативната индустрија.

Многумина Финци - како и дизајнерот Мико Паконен ова го сметаат за чест. „Дизајнот е многу важен составен дел од нашата култура. Иако Финска е мала земја овде имаме многу архитекти и дизајнери. Мислам дека имаме големо срце за дизајн“.

Дизајн од Финска: едноставен, функционален и безвремен. Во тоа се убедија и десет илјадите посетители на саемот „Helsinki Design Week“.